Динамо Букурешт – Еурофарм Пелистер 36:37 (младинци)

-Алем Хаџиќ со 26 гола е најдобар стрелец и прогласен за најкорисен ракометар на турнирот (МВП), а Алем Хаџиќ, Леонид Лозановски и Јован Марковски се најдоа во идеалниот тим.Спортска сала „Динамо Арена“ – Букурешт, гледачи: 1.000
Судии: Стилинос Гкоктас и Ахилес Сачиноглу
Динамо Букурешт: Матеи, Сурлан, Станчиу 11, Думитру 11, Негрила 7, Балу 4, Поенару 1, Кофару 1, Солаци 1, Крачиун, Пушкаш, Симион, Попеску, Јилмаз, Кобинца, Бучуриц
Еурофарм Пелистер: М. Фехми, Ат. Трсунов, Хаџиќ 12, Буторац 6, Марковски 5, Лозановски 4, Ар. Трсунов 3, С. Георгиевски 2, Л. Георгиевски 2, Велевски 2, Симоновски 1, Лазаревски, Трајчевски, Спировски, А. Фехми, Ѓорѓиев.
Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва го победи и домаќинот Динамо Букурешт со резултат 36:37 и се пласираа на „фајнал-фор“ турнирот во Келн во Лигата на шампионите. Младинците одиграа одличен натпревар во Букурешт, забележаа втора победа и се пласираа меѓу четирите најдобри во Европа во младинскиот ракомет.

Одлучувачкиот натпревар “пелистерци“ добро го отворија и имаа 3:2, а потоа беше 4:4. Хаџиќ постигна четири гола за 5:8, а потоа младите одржуваа позитива, а имаа 6:10.

Динамо дојде до гол дефицит 11:12, но следуваше нова серија на Еурофарм Пелистер 1:6 и на одмор се замина со 12:18.
И второто полувреме започна со добра игра на нашите момчиња. По осмаата минута “пелистерци“ имаа неколку исклучувања и Динамо успеа да се врати во натпреварот и намали на 21:23. Повторно Хаџиќ и Велевски погодија, а следуваше игра во која екипите се менуваа во водството.

Пелистер одбрани два напади и погодуваа за 28:30. Динамо во 55. минута израмни, 33:33. Во 58. минута голманот Мелин Фехми одбрани, но повторно беше 36:36.

По тајм-аутот за Еурофарм Пелистер, во последата минута во пасивен напад Хаџиќ погоди за 36:37 на половина минута до крајот. Потоа Пелистер се одбрани, а романците немаа време за гол.

Тимот на Еурофарм Пелистер го водеа тренерите Фарух Мемиќ и Кире Неделковски.







