Ако ти се јаде нешто благо, кремасто и лесно за подготовка, оваа Плазма торта без печење е вистинскиот избор. Брза е, не бара рерна, а вкусот ќе ги воодушеви сите генерации.
Погодна е за родендени, слави или едноставно како слатко задоволство за во текот на денот.
Потребни состојки:
За кората:
300 г мелена Плазма
100 г шеќер во прав
150 г стопен путер
100 мл млеко
За кремот:
500 мл млеко
2 пудинга од ванила
4 лажици шеќер
125 г путер (омекнат)
100 г шеќер во прав
200 мл слатка павлака (за шлаг)
Ванилин шеќер (по желба)
За декорација:
Изрендана чоколада, шлаг или мелена плазма
Подготовка:
Кора (дното на тортата)
Во голем сад измешај ја мелената Плазма со шеќерот во прав. Додај го растопениот путер и млекото, па добро измешај додека не добиеш компактна смеса. Притисни ја смесата рамномерно на дното на калап со отстранлив обрач или обично тркалезно тавче.
Пудинг крем
Во 100 мл млеко разматете ги пудинзите. Остатокот од млекото (400 мл) ставете го да зоврие со шеќерот. Кога ќе зоврие, додадете ја разматената смеса и варете додека не се згусне. Оставете да се излади.
Маслен крем
Изматете го омекнатиот путер со шеќерот во прав и ванилин шеќерот. Потоа, постепено додавајте го оладениот пудинг и матете додека не се добие мазен крем.
Додавање шлаг
Посебно изматете ја слатката павлака во цврст шлаг. Половина додај во пудинг кремот и внимателно промешај.
Склопување на тортата
Врз кората распоредете го кремот и израмнете. Остатокот од шлагот нанеси го одозгора за декорација.
Финален допир
Посипи со изрендана чоколада, мелена Плазма или декорирај по желба.






