Со примена на ЕКМО технологијаво клиничката болница „Аџибадем Систина“ е спасен животот на 45 годишен пациент заболен од Ковид-19. Астрит Селимај бил примен во исклучително тешка здравствена состојба со прилично напредната ковид–пневмонија. Поради тоа прво бил ставен на респиратор, а по конзилијарното мислење на тимот доктори од „Аџибадем Систина“ и инфектолог од ГОБ „8-ми септември“, пациентот бил префрлен на ЕКМО апарат, кој всушност бил пресуден за неговото преживување. Астрит е првиот пациент во Македонија кој е излекуван од Ковид-19 со примена на оваа технологија.

За неговото здравје се погрижи искусен тим доктори од болницата „Аџибадем Систина“ – д-р Митко Караѓозов, шеф на тораковаскуларна хирургија, проф. Д-р Александар Николиќ, шеф на кардиохирургија, д-р Димче Славески, шеф на кардиохируршка анестезија, д-р Никола Шиков, шеф на општа – интензивна нега, д-р Хараламбос Сидиропулос, специјалист по инфектологија и д-р Патриција Каламарес, инфектолог од ГОБ „8-ми Септември“.






