Од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји. Ова, во телефонски разговор српската премиерка Ана Брнабиќ денеска го информирала премиерот Зоран Заев.
Мерката задолжителен негативен ПЦР тест за странците, но и за своите државјани, Србија ја воведе во пресрет на новогодишните празници, на 20 декември
Србија од четврток, 14 јануари, ќе ги укине задолжителните ПЦР тестови за државјаните на Северна Македонија, го информирала српската премиерка Ана Брнабиќ по премиерот Зоран Заев во телефонски разговор утрово.
Граѓаните на нашата земја како и другите странци од денеска може да влезат во Црна Гора без задолжително тестирање за корона вирус, додека од 14 јануари (четврток) без ПЦР тест ќе може повторно да се патува во Србија.







