Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се откаже од напорите за постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина во наредните денови, доколку јасно не се покаже дека таков договор е можен, изјави во петокот американскиот државен секретар Марко Рубио.
„Нема да продолжиме со овие напори со седмици и месеци. Затоа сега трабаме да одредиме многу брзо, и јас притоа зборувам за денови, дали тоа може да се постигне во следните неколку седмици. Ако може да се постигне, ќе продолжиме. Ако не, тогаш имаме други приоритети на кои треба да се фокусираме“, рече американскиот дипломат во Париз по средбата со европските и украинските челници.
Рубио нагласи дека Трамп сѐ уште е заинтересиран за постигнување договор, но и дека е подготвен да ги напушти преговорите доколку нема знаци за напредок.
Републиканскиот претседател за време на кампањата тврдеше дека ќе ја прекине војната во Украина во првите 24 часа во Белата куќа. По неговата изборна победа, тој ги ублажи овие тврдења и најави договор до април или мај.
Изјавата на Рубио ја покажува зголемената фрустрација на Вашингтон поради недостиг од напредок во преговорите во време кога САД се соочуваат со растечки геополитички предизвици, пренесува Reuters.







