Даријан Галевски, талентираниот фудбалер од Македонија
Деветгодишниот Даријан Галевски, кој е производ на школата на Јовче Џипунов, привлече внимание и од страна на европскиот гигант Барселона. Деветгодишниот фудбалер има повеќе од 20 одиграни турнири во својата генерација (2016), а еден од нив му донел покана за учество на камп во Барселона.
По учеството на турнирот во Загреб, каде четири тренери и координатор од престижната школа Ла Масија го прогласиле за најдобар играч во конкуренција од 200 врсници, Галевски добил покана за учество на камп организиран од Ла Масија. Неговата автентична игра го воодушевила тимот на Барселона, кој го опишал како фудбалер со многу поголема визија од своите врсници.
Барселона верува дека ќе имаат нова шанса да го проценат Галевски, пред можен договор по неговите 13. години, кога ќе ги исполнува условите, пренесува “Ал Џезира Балкан”.
Според неговиот татко, Дарјан започнал да шутира топка на две години, а на четири години и осум месеци, првпат се појавил на тренинг во школата “Форца” на Џипунов. Неговиот талент бил забележан и од Црвена звезда, каде што Галевски продолжил да се развива. Успехот на ова младо момче ветува големи нешта во иднина.






