Полицијата се уште трага по вториот насилник во автобусот на ЈСП кој се заканува на патници дека ќе ги потопи во кисела, но ги навредува и по верска основа. Полицијата во моментот истражува дали имало и физички напад врз лицето кое го снимило видеото, со оглед на тоа што во јавноста се појавија информации дека тој дел не е снимен, а таков инцидент се случил откако насилниците забележале дека се снимани, објави Сител.
Лицето кое е приведено во полициска станица има историја со повеќе кривични дела, а пред година и половина претепал и службеник на ЈСП во Транспортниот центар, откако претходно бил казнет за непоседување на билет.
Сепак, најголем проблем во истрагата е што инцидентот е од пред 2 – 2 и пол месеци. ЈСП прво треба да открие на која линија и во кој точно автобус се случил инцидентот.
Текстот во целост на: Сител.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






