ASML Holding N.V., холандската компанија што стои зад најнапредната технологија за производство на чипови, објави финансиски резултати за првиот квартал од 2025 година. Како единствен производител во светот на EUV (екстремна ултравиолетова) литографска опрема, ASML игра клучна улога во глобалната полупроводничка индустрија. Без нејзините машини, не би можело да се произведат најсофистицираните чипови што ги користат смартфоните, суперкомпјутерите, уредите со вештачка интелигенција и многу други модерни технологии.
Во првите три месеци од 2025, компанијата оствари приходи од €6.75 милијарди, што е речиси исто ниво како истиот квартал лани, и нето добивка од €1.22 милијарди, што претставува пад од околу 37% во однос на претходната година. Добивката по акција (EPS) достигна €3.03, што е под ланскиот резултат од €4.96. Бруто маргинатаизнесуваше 51.0%, со благо подобрување во однос на Q1 2024 (50.6%).
Клучниот сигнал од извештајот е поврзан со новите нарачки, кои изнесуваат €3.6 милијарди, што е под очекувањата на аналитичарите од €4.5 милијарди. Дел од причините за ова се поврзани со претпазливоста на клиентите и влијанието на трговските ограничувања, особено кон кинескиот пазар. ASML во извештајот го наведува “тајмингот на инвестициите” кај клиентите како фактор што доведува до волатилност на нарачките по квартали.
И покрај тоа, компанијата не ја менува својата прогноза за целата година, очекувајќи приходи меѓу €30 и €35 милијарди, со бруто маргина во опсег од 51% до 53%. За вториот квартал, се предвидуваат приходи од €7.2 до €7.7 милијарди, при што ASML продолжува со инвестиции во развој на High-NA EUV технологијата и проширување на производствените капацитети, со R&D буџет од над €1 милијарда само во овој квартал.
ASML останува стратешки играч во глобалната технолошка индустрија – компанија чија технологија е основа за иднината на дигиталниот развој. Иако се појавуваат краткорочни пазарни предизвици, структурната побарувачка за чипови – особено оние поврзани со AI, автомобилска електроника и напредни мобилни уреди – и понатаму се силна поддршка за долгорочната позиција на компанијата.







