Централното претседателство на Алијанса за Албанците, предводена од Арбен Таравари, вечерва донесе одлука партијата да настапи со сопствени листи за советници на претстојните локални избори.
На прес-конференцијата по седницата, Таравари истакна дека Алијансата не ја напушта коалицијата Вреди, освен ако останатите партнери не одлучат да ги исклучат.
– Не излегуваме од коалицијата Вреди, излегуваме со наши листи за советници. За кандидатите за градоначалници не е дефинитивно. Не може четири-пет луѓе од „Влен“ да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење – рече Таравари.







