СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Празник со кој и се оддава признание на мајката Божја
КОВИД 19: Нови 166 случаи од направени 1049 тестирања, 10 починати
РЕЛИГИЈА
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Собор на Пресвета Богородица
/ 08.01.2021
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Собор на Пресвета Богородица
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 декември.
Денеска е Собор на Пресвета Богородица.
Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Ерхард.
Живеел во времето после преселбите на народите, кога покрстувањето на европските народи било од одлучувачка важност. Како мисионер во Шкотска живеел црквен и редовнички живот. Како бискуп, желбата за Христос да освои што повеќе души, го натерала на мисионерски патувања. Умрел во Регенсбург, во 720 година.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







