На бројот за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна нива во близина на „Еко Флор Плус“ во село Боговиње.
Како што информира денеска ЦУК, веднаш по примањето на пријавата, вработени од Полициската станица Камењане пристигнале на местото.
– Известени беа и ДЗС Тетово за случајот, а преку консултација со надлежните органи, беше утврдено дека за отстранување на рачните бомби ќе пристапат специјализирани лица од Куманово. Поради стемнувањето, акцијата е одложена за денеска, при што местото е привремено обезбедено од страна на ПС Камењане, додека не се отстранат рачните бомби, стои во соопштението.






