Кармата не простува: Најтешките кармички долгови што животот секогаш ги наплаќа.
Гревот не е само имагинарна состојба – неговата тежина се рефлектира директно во нашиот живот, бидејќи претставува болест на волјата.
Многумина веруваат дека човекот се раѓа со сопствена карма – невидлива сила што го следи од првиот до последниот ден на животот. Таа не спие, не заборава и постојано набљудува. Кармата не ги памти само нашите дела, туку и нашите емоции.
Kармата “гледа” кога сме завидливи, кога посакуваме зло на другите, кога мразиме некого поради неговата среќа… сите овие емоции имаат своја енергетска фреквенција која кармата ја препознава. Некои долгови се враќаат брзо, други подоцна, но никогаш не остануваат неисплатени.
Во продолжение следуваат некои од најтешките кармички долгови:
1. Навреда кон родителите
Во бројни религиски и психолошки списи се нагласува важноста на почитта кон родителите. Иако некои родители не ја заслужуваат љубовта на своите деца, постојат и деца кои не ги ценат добрите родители. Кармата особено остро реагира на неправда кон добар родител – ова е еден од најскапите духовни долгови.
2. Издавање на личност која ве сака
Да се изневери искрена љубов е чин што според кармичките закони се смета за тешка грешка. Издавањето на некој што ве сака и ви посакува само добро, остава длабокa трагa во вашата судбина – и кармата тоа не го заборава.
3. Неправедно обвинување и клевета
Ширењето лажни информации, клеветење или осудување без основа – иако можеби изгледа како безопасна шега, во очите на кармата тоа е сериозно прекршување. Лесно може да се најдете во ситуација кога вие ќе бидете жртва на истото што сте го направиле на другите.
Кармата делува тивко, но прецизно. И како што вели старата мудрост – што посееш, тоа и ќе пожнееш.






