Многу е важно никој во светот да не молчи и да не остане рамнодушен. Руските напади заслужуваат само осуда. Потребен е притисок врз Русија за да се запре војната и да се обезбеди безбедноста на луѓето, напиша Зеленски.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изрази сочувство до семејствата на загинатите во денешниот напад на Суми. Во нападот загинаа најмалку 31 лице, вклучувајќи две деца, а над 80 се повредени.
„Многу е важно никој да не молчи и да не биде рамнодушен. Руските напади заслужуваат само осуда. Потребен е притисок на Русија за да се запре војната и да се обезбеди безбедноста на луѓето“, напиша Зеленски.
Тој истакна дека без силен меѓународен притисок и соодветна поддршка за Украина, Кремљ ќе продолжи да ја продолжува војната.
„Веќе е втор месец како Путин го игнорира американскиот предлог за целосен и безусловен прекин на огнот“, додаде украинскиот претседател.
Во претходната објава, Зеленски извести за рускиот ракетен напад врз Суми.
„Руски проектили погодија обична градска улица, станбени згради, образовни институции и автомобили на улица. И тоа на денот кога луѓето одат во црква – Цветници, празникот на Господовото влегување во Ерусалим“.







