Исчистете го просторот: 5 работи што итно треба да ги исфрлите од домот
Време е конечно да направите ред во вашиот дом и да отворите врата за нова енергија, среќа и просперитет. Според експертите за уредување на просторот и енергијата, одредени предмети ја блокираат позитивната енергија и го спречуваат напредокот. Еве што треба веднаш да изнесете од домот:
1. Облека и обувки кои не ви се допаѓаат
Гардеробата не треба само да стои – таа треба да ве претставува и да ви создава добри чувства. Парчиња кои не ви одговараат, не ги носите или ви будат негативни емоции, го блокираат протокот на позитивна енергија. Исчистете го плакарот и задржете го само она што вистински го сакате.
2. Празни тегли и шишиња
Иако често чуваме тегли и шишиња „за секој случај“, вистината е дека повеќето никогаш не ги користиме. Нивното прекумерно складирање создава енергетски застој во домот и ја попречува радоста и просперитетот. Задржете неколку – останатите рециклирајте ги.
3. Оштетени кујнски садови
Секојдневните предмети како чинии, чаши, тави и тенџериња мора да бидат цели и чисти. Дури и мали оштетувања или гребнатини носат негативна енергија во просторот. Ако забележите оштетени садови – време е да ги замените.
4. Подароци што носат лоши спомени
Доколку во домот чувате предмети поврзани со поранешни врски, пријателства кои завршиле лошо или подароци што не ви се допаѓаат, тие потсвесно ве држат во минатото. За да направите простор за нови, убави искуства – ослободете се од нив.
5. Стари свеќи
Во фeнг шуи практиките, огнот симболизира прочистување и ослободување од негативна енергија. Меѓутоа, веќе користените и полузапалени свеќи се сметаат за „енергетски отпад“ и треба да се заменат со нови. Свежите миризливи свеќи ќе донесат хармонија, смиреност и пријатна атмосфера во вашиот дом.






