Кремљ нема јавно да ги рекламира подароците на рускиот претседател Владимир Путин на американскиот претседател Доналд Трамп, кои ќе бидат доставени преку специјалниот американски пратеник Стив Виткоф, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
– Тоа се лични подароци, а руската страна обично не зборува за тоа – изјави Песков, пренесува РИА Новости.
Путин во петокот се сретна со специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф во зградата на претседателската библиотека во Санкт Петербург, а средбата траеше околу четири и пол часа.
По претходна средба во Москва во март, Виткоф изјави дека рускиот лидер му испратил на американскиот претседател „прекрасен портрет на Трамп насликан од еден од водечките руски уметници“.
Минатиот месец Трамп побара неговиот портрет да биде отстранет од државниот Капитол во Денвер, Колорадо, велејќи дека „уметникот што го сликал веројатно го губи својот талент додека стареела“.






