Македонскиот јутјубер и поткастер, Стефан Лазаров е познат по своите „жешки муабети“ со познатите личности. И додека тој стана познат на пошироката јавност со своите поткасти во кои му доаѓаат познати јавни личности, од пејачи до актери, од музичари до политичари… малкумина знаат Стефан има сестра, која можеби и уште попозната од него. И тоа надвор од Македонија, а патем таа е и вистинска убавица.

Имено неговата сестра Марија, имаше улога и играше во една од познатите турски серии „Balkan Ninisi“, на што беше особено гордa. И таа и нејзиното семејство.
Патем Марија е и професионален шминкер и горда сопственичка на центар каде се нудат третмани за тело и лице, професионална шминка, нокти, депилација, масажи и други услуги.

Сепак, нејзина најголема љубов е глумата. Не се откажала од својот сон да стане актерка, иако кога конкурирала прв пат, била одбиена на Академијата за драмски уметности. Цела деценија подоцна, таа се обидела повторно и сега студира драмска уметност во Тетово.

Во театарот, оној од независната продукција можете да ја гледате во претставата „Среќен мртовец“ каде игра покрај бардот на македонското глумиште Благој Чоревски – Чоре.
(Извор: vistina.com.mk)







