Над 20 лица се приведени или повикани на распит за трагедијата во Кочани, велат од истрагата за Телма.
Акцијата се одвивала на територија на повеќе сектори, најмногу 12 се повикани во СВР Скопје по наредба на кочанското обвинителство кое ја води истрагата.
Приведувања имало и во СВР Куманово и СВР Тетово односно во Куманово, Гостивар, Липково и тетовско.
Акцијата почнала во 7 часот утрово со синхронизирани активности на полицијата кои постапувале по наредба на обвинителскиот тим.
Меѓу приведените има актуелен министер (Салиу), неколку поранешни министри за економија (Сарачини и Незири), актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Селами, повеќе поранешни државни секретари и вработени во администрацијата.
По приведувањето, тие ќе бидат однесени на распит во Кочани.






