Битола по седум години повторно ќе биде домаќин на натпревар на македонската ракометна репрезентација. Денес, во рамките на баражот за пласман на Европското првенство, ќе се одигра натпреварот меѓу женските селекции на Македонија и Полска.
Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, беше гостин во утринската програма на МТВ каде што го најави спектаклот што следува. Тој истакна дека овој натпревар е од особено значење, не само за репрезентацијата туку и за градот, кој повторно добива шанса да биде центар на македонскиот ракомет.
„За кого? За Македонија“, порача Димитровски со голема емоција, повикувајќи ги битолчани масовно да ја поддржат репрезентацијата и да го исполнат спортскиот центар.







