На 10.04.2025 во Скопје од слобода биле лишени З.Н.(55), Р.Т.(55) и С.М.(37), тројцата од Скопје, кои биле барани по централни потерници врз основа на судски наредби за издржување затворски казни.
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода З.Н. затоа што бил баран за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 став 1 од Кривичниот законик. Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода Р.Т. затоа што бил баран за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело по член 300 став 1 во врска со член 297 од Кривичниот законик. Додека, полициски службеници од Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Кисела Вода го лишиле од слобода С.М.за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 202 став 1 од Кривичниот законик.
Лицата биле спроведени во Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Скопје за издржување на казните.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







