Непосредно пред натпреварот од второто коло на Копа Либертадорес помеѓу Коло Коло и Форталеза, се случија трагични настани – две лица го загубија животот во сериозен инцидент во Сантијаго.
Сè се случи на стадионот „Монументал“, каде што дошло до хаос откако група навивачи се обиделе насилно да влезат во секторот „Кауполикан“. Во обидот да пробијат, урнале ограда, а ситуацијата брзо излегла од контрола, при што настанало стампедо.
Полицијата реагирала со солзавец, но сведоците и првичните извештаи велат дека токму во метежот, две лица биле прегазени од возило додека биле заглавени под урнатата ограда.
Според неофицијални информации, жртвите се 18-годишна девојка и 13-годишно момче. Навистина трагичен момент кој фрла темна сенка врз спортот.







