Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

И СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ОПРАВДА ПРЕСУДАТА НА СУДИЈАТА ФЕРАТИ Толку е правдата за прегазената Теодора

by
2025-04-10
in Uncategorized

И Судскиот совет е на иста линија со тетовските судии и известува дека во повтореното судење за прегазувањето на Теодора Ристовска во Тетово судијата не можел да изрече повисока затворска казна од 2 години, како што пресудил Апелацискиот суд во првичната постапка. 

И Судскиот совет е на иста линија со тетовските судии и известува дека во повтореното судење за прегазувањето на Теодора Ристовска во Тетово судијата не можел да изрече повисока затворска казна од 2 години, како што пресудил Апелацискиот суд во првичната постапка.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

„Согласно член 428 од Законот за кривичната постапка, ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција“, се вели во соопштението на Судскиот совет.

И судиите од Тетово денеска ја бранеа одлуката на нивниот колега Ферати дека пресудата од 2 години затвор е исправна и е практилно максималната казна што можела да се изрече во повтореното судење.

По реакциите за ниската затворска казна за возачот Менсур Пајазити, која ја изрече судијата  Ељмедин Ферати, семејството на прегазената девојка, премиерот Христијан Мицкоски и јавноста побараа реакција од Судскиот совет. Претседателот Александар Камбовски формираше работна група која го разгледа постапувањето во предметот од моментот на обвинението до пресудата во повтореното судење.

Го пренесуваме известувањето во целост:

ОЈО Тетово до Основен суд Тетово поднел Обвинителен предлог И КО.бр.172/23 од 06.06.2023 година за едно кривично дело – ТЕШКИ ДЕЛА ПРОТИВ БЕЗБЕДНОСТА НА ЛУЃЕТО И ИМОТОТ ВО СООБРАЌАЈОТ по член 300 ст.4 в.в. со член 297 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот Законик, за кое е предвидена казна затвор од една до пет години.

Основниот суд Тетово по обвинителниот предлог оформил предмет К.бр.436/23 по кој е донесена пресуда на 30.11.2023 година со која на обвинетот судот му изрекол казна затвор во траење од три години и шест месеци.

Против пресудата на Основниот суд Тетово К.бр.436/23 од 30.11.2023 година жалба до Апелациониот суд Гостивар изјавил обвинетиот преку бранител .

Вишото јавно обвинителство Гостивар по изјавената жалба доставил писмен предлог ИИИ КОЖ.бр.99/24 од 11.03.2024 година, со кој се предлага изјавената жалба од обвинетиот да се одбие како неоснована.

Апелациониот суд Гостивар закажал и одржал јавна седница на која Јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Гостивар, извршил измена на предлогот ИИИ КОЖ.бр.99/24 од 11.03.2024 година, со тоа што предложил делумно да се уважи жалбата на обвинетиот изјавена преку бранителот на начин што на обвинетиот ќе му се изрече поблага кривична санкција .

Со пресуда на Апелациониот суд Гостивар КЖ-64/24 од 16.04.2024 година жалбата на обвинетиот делумно се уважува, а пресудата на Основниот суд Тетово К-436/23 од 30.11.2023 година се преиначува само во делот на одлуката за кривичната санкција, така што обвинетиот се осудува на казна затвор во траење од две години.

Против правосилната пресуда на Основниот суд Тетово К.бр. 436/23 од 30.11.2023 година и против пресудата на Апелациониот суд Гостивар КЖ.бр.64/24 од 16.04.2024 година е поднесено Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од обвинетиот преку бранител.

Со одлука на Врховниот суд на Република Северна Македонија , пресудата на Основниот суд Тетово К.бр. 436/23 од 30.11.2023 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар КЖ.бр.64/24 од 16.04.2024 година се укинуваат и предметот се враќа на повторно судење на првостепениот суд.

По враќање на предметот во Основен суд Тетово, истиот добива нов број К.бр.117/25 и во работа го добил друг судија различен од судечкиот судија кој ја донел пресудата К.бр.436/23 од 30.11.2023 година.

По одржана главна расправа на ден 07.04.2025 година по предметот К.бр.117/25 на која расправа обвинетиот дал признание на вина за предметното кривично дело кое му се става на товар со обвинението, Основниот суд Тетово го осудува на казна затвор во траење од две години.

Согласно член 428 од ЗКП, ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција.

Previous Post

Дневен извештај за тргувањето на Македонската берза – 10.04.2025

Next Post

Скандал со брзи кредити: Вработен во Фондот за здравство дел од банда што крадела идентитети и земала илјадници евра

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Вработен во УЈП заработи кривична пријава, му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола

Скандал со брзи кредити: Вработен во Фондот за здравство дел од банда што крадела идентитети и земала илјадници евра

Recommended

Смртоносен напад на ајкула: Сурфер загина на плажа

3 months ago
Хорор во Македонија утрово: Син со секира си го уби таткото, мајката се бори за живот

Почина една од најголемите музички легенди

5 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.