Бројката на загинати од падот на кровот на ноќниот клуб Џет Сет во Санто Доминго во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот се зголемил на 218, соопштиле денеска спасувачките служби.
Директорот на Центарот за итни операции, Хуан Мануел Мендес, изјавил дека 189 лица се спасени.
Меѓу загинатите се и гувернерката на провинцијата Монтекристи, Нелси Круз, како и популарниот пејач Руби Перез, кој настапувал кога се срушил кровот.
Причината за падот на кровот засега не е објавена.






