Необично долгото ракување помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и шефот на кинеската дипломатија, Ванг И, за време на нивната последна средба во Кремљ, предизвика бран анализи помеѓу кинеските аналитичари, кои веруваат дека зад овој детаљ се крие силна политичка порака.
Во светлината на сè почестите средби меѓу руски и кинески официјални лица, овој момент се издвојува поради продолженото ракување, кое, според официјалните снимки, ја надмина вообичаената временска рамка. Путин не ја пуштил раката на својот соговорник веднаш, а не изостана и формалното климнување со главата и размената на љубезни зборови.
Напротив, како што тврдат аналитичарите од Пекинг, рускиот претседател намерно го искористил ракувањето како гест со политичка тежина – во момент кога вниманието на глобалната јавност се пренасочува помеѓу Истокот и Западот.
Без дистанца
Ууште попечатливо од самото ракување е отсуството на физичка дистанца. За разлика од средбите со западните лидери, каде Путин често инсистира на симболична дистанца, овој пат со Ванг И седнал во непосредна близина, разговарајќи опуштено. Во дипломатскиот протокол, вакви детали никогаш не се случајни.
Пекинг внимателно ги следи ваквите сигнали – особено во светло на неодамнешната одлука да го прекине увозот на американски течен гас, додека истовремено предлага зголемување на енергетските испораки од Русија. За многу аналитичари, ова е јасен знак дека Кина внимателно го балансира своето енергетско и геополитичко приоритизирање.
Тивка порака за долгорочна алијанса
Во момент кога дел од Западот се надева на затоплување на односите помеѓу Москва и Вашингтон, ваква средба испраќа поинаква порака: стратешкото партнерство со Пекинг останува цврст темел на руската надворешна политика.
За Путин, тврдат коментаторите, продолженото ракување можеби не било само протокуларен гест, туку тивка дипломатска изјава – дека новата геополитичка архитектура веќе се гради, и тоа под услови кои не доаѓаат од другата страна на Атлантикот.
Погледнете го видеото:
President Putin received the Foreign Minister of the People’s Republic of China Wang Yi in the Kremlin, Wang Yi visits Russia. A good move, the US wants to drive a wedge between China and Russia which will not happen pic.twitter.com/MTItRwsWpo
— sonja van den ende (@SonjaEnde) April 1, 2025
![[ВИДЕО] Што направи Путин? Снимката која ја изненади дури и Кина: Ова може да значи само едно нешто](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-10-151625.png)






