Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент кој беше на лекување во Бугарија. Во моментот, 55 пациенти се хоспитализирани во странство.
Состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучувајќи и критичните пациенти, останува непроменета, соопшти Министерството.
Во болниците во земјата се лекуваат 10 пациенти. Четворица се на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден на Клиниката за токсикологија, еден на Клиниката за детска хирургија, еден на Клиниката за пулмологија и еден во ГОБ „8 Септември“. Исто така, двајца пациенти се на лекување во приватната болница „Систина“.
Министерството за здравство продолжува со мониторирање на состојбата на пациентите и се залага за обезбедување на најдобар можен третман и понатамошна рехабилитација.






