На 09.04.2025 во 18.40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Д.(34) од Прилеп и И.А.(37) од Битола. Тие биле пријавени од фудбалерот на ФК Струга Трим Лум, М.Р.(30) од Прилеп дека околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К. Шкендија и Ф.К. Струга Трим Лум, физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки. Според пријавеното, откако М.Р. излегол од стадионот го забележал Д.Д., со кого се познавале од порано, а кој го повикал во возилото во кое бил и И.А., по што физички го нападнале. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






