Ако сакате да направите тесто како вистински пекар, има неколку трикови што вреди да ги примените – плус еден таен состојок што прави чуда!
Доколку штотуку почнувате со месење или пак тестото никогаш не ви испаѓа како што сакате, овие неколку совети ќе ви помогнат да ви нарасне убаво и да биде меко, вкусно и воздушесто.
Прво и најважно – брашното и квасецот мора да бидат свежи. Нема компромис тука. Исто така, пред да почнете со месење, извадете ги путерот и јајцата од фрижидер – нека постојат малку на собна температура.
Следно – не претерувајте со квасец или прашок за печиво. Помалку е повеќе кога станува збор за овие состојки.
Тестото секогаш печете го во веќе загреана рерна. Најдобро е да почекате 10-15 минути откако ќе ја достигне потребната температура – така печењето ќе биде рамномерно и тестото ќе порасне убаво.
И еве ја тајната состојка на мајсторите пекари – јаболков оцет! Само една лажица е доволна и тестото ќе биде уште повкусно, подобро ќе нарасне и целосно ќе ви успее.






