Голем пожар избувна спроти Клинички центар во Скопје, јавува Курир. На терен има полициска екипа, како и вознемирени граѓани од околните згради.
Очевидец за Курир вели дека автомобил е во пламен и дека постои опасност пожарот да се прошири.
На социјалните мрежи веќе се шири видео од пожарот, и на него може да се забележи дека има полициски екипи на терен.
Но, како што јавуваат од Курир, на улиците има излезено и многу граѓани кои се вознемирени од пожарот.
Дел од медиумите јавуваат дека е пристигната и противпожарна екипа.





![[ВИДЕО] Автомобил целосно изгоре близу „Водњанска“](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/pozar-vodnjanska.png)

