Иранскиот претседател Масуд Пеџешкијан изјави дека Иран не развива нуклеарна бомба, како и дека не се противи на американските инвестиции во својата економија.
Пеџешкијан ги повика американските инвеститори да вложуваат во иранската економија, посочувајќи дека тоа не е спротивно на ставот на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи.
Иранскиот претседател не ја оспори можноста за директни американски инвестиции во Иран, ако САД и Техеран постигнат договор во врска со иранската нуклеарна програма, пренесува АП.
Пеџешкијан, кој се залагаше за приближување на Иран кон Западот во текот на својата предизборна кампања минатата година, изјави дека разговорите во сабота во Оман меѓу иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ќе бидат „индиректни“.
Трамп изјави дека разговорите ќе бидат директни преговори, што Техеран не го исклучи по првата рунда разговори.
Иран, по потпишувањето на договорот за својата нуклеарна програма со светските сили во 2015 година, забрани американските компании да влезат во земјата.
Повикот за инвестирање во Иран би можел да го заинтересира американскиот претседател Доналд Трамп, кој го повлече САД од иранскиот нуклеарен договор со светските сили за време на својот прв мандат, а сега бара нов договор со таа земја, наведува американската агенција.






