Некои се запрашаа дали се работи за генетска аномалија, мутација, па дури и последици од загадување.
„Што е ова риба – мутант?“, „Сега повеќе не сакам да јадам риба…“, „Оваа сигурно не е гладна, јаде два пати одеднаш!“ – беа само некои од коментарите под фотографијата на необичната риба која во последно време кружи на социјалните мрежи. Ловот е дело на аргентинскиот рибар Фабиан Таборда, кој отишол на вообичаен риболов на реката Парана и се вратил дома со приказна која никогаш нема да ја заборави.

„Имав чувство дека ова е само уште еден од многуте обични денови на реката. Фрлав најдобро што знаев, како што правам секогаш, но она што го извлеков беше… неверојатно. Риба со две вилици и необично долг ‘јазик’“, изјавил Таборда за локалните медиуми. Иако брзо ја вратил во водата, успеал да ја фотографира.
Фотографијата веднаш предизвикала лавина реакции, а многумина со изненадување коментирале „риба мутант“. Некои се запрашаа дали се работи за генетска аномалија, мутација или последици од загадување. Биологот Пабло Скаработи од Институтот за истражување на водните екосистеми, кој го коментирал случајот за порталот Elonce, понудил поконкретно објаснување. Според него, станува збор за златна дорда (Salminus brasilienis), позната слатководна риба-грабливец од јужноамериканските реки.

„Не е првпат да видам вакво нешто. Мислам дека не станува збор за мутација, туку за повреда, најверојатно предизвикана од користење на таканаречените ‘пинцети за вилици’, алатка која рибарите ја користат при вадење на јадицата“, објаснил Скаработи.
„Рибите технички немат јазик, па веројатно станува збор за механичко оштетување кое изгледа како издолжен јазик.“ Сепак, не ја исклучил можноста дека деформацијата можела да се развие како последица на загадување на реката Парана, која во последните години е под се поголем притисок од индустрискиот отпад и климатските промени.

![[ФОТО] Рибар очекувал секојдневен улов, но успеал да улови чудовиште со две усни и нешто кое наликува на чуден јазик](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-09-181728.png)





