Вооружените сили на Украина го собориле најскапиот руски дрон “Merlin VR” на фронтот недалеку од Лиман.
Станува збор за најскапото беспилотно летело кое го поседуваат руските сили, се наведува во соопштението на Оперативно-стратешката група „Хортиција“ на украинските вооружени сили, пренесува порталот News Ukraine.
Украинските противвоздушни сили од 63-та бригада и 45-та посебна артилериска бригада учествувале во соборувањето на непријателскиот дрон во областа на Лиман.
И покрај напорите на механизираната бригада и артилериските единици, украинските трупи не успеале да стигнат до местото на падот на леталото, но сепак направиле фотографии од уништениот руски дрон.
Дронот „Merlin VR“ е најскапиот дрон во составот на руските вооружени сили, и еден чини околу 300.000 долари. Овој експериментален извинички дрон може да лета на висина од 5.000 метри и да остане во воздух до 10 часа. Неговиот дострел е 600 километри.
И покрај техничките способности, не успеал да помине неоткриен и да ја заврши својата мисија, наведуваат украинските извори.
Погледнете го видеото во продолжение:
![Објавена првата снимка: Украинците го соборија најскапиот руски дрон во неверојатна акција [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-09-145019.png)






