Уделот на Русија во меѓународната трговија со гас ќе се преполови – од 30 проценти во 2021. година на 15 проценти во 2030. година, се наведува во денешната прогноза на Меѓународната агенција за енергија (IEA).
Според конзервативното сценарио за развој на пазарот, нето профитот на Русија од продажба на гас би можел да падне 2,5 пати до 2030. година во споредба со вредностите од 2021. година, и тоа на 40 милијарди долари, наместо на 100 милијарди долари, пренесува RBK.
Аналитичарите очекуваат раст без преседан на новите глобални капацитети за течен природен гас (LNG).
Значајно зголемување на производството на LNG се очекува во периодот од 2025. до 2027. година, а 60 проценти од сите нови проекти ќе бидат во САД и Катар, се наведува во извештајот.
IEA претходно извести дека обемот на трговија со течен природен гас би можел да се зголеми за нешто повеќе од 130 милијарди кубни метри до 2026. година.






