Призма.мк: Во Тетово инвеститори изградиле и двојно повеќе катови од она што го добиле во градежната дозвола
На веб-страницата Призма.мк која е публикација на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) за Македонија објавено е истражување за Тетово во кое се посочуваат примери на згради каде инвеститори изградиле и двојно повеќе катови од она што го добиле во градежната дозвола.
БИРН, вкрстувајќи ги податоците од важечките ДУП-ови, Катастарот и од теренското истражување, откри седум случаи каде што инвеститори добиле градежни дозволи за пониски згради, уште веднаш поставиле темели за повисоки и во меѓувреме со општината почнале процедури да го менуваат деталниот план, односно да го прилагодуваат на својот бизнис-план.
Целото истражување тука.






