Судијата од Основниот кривичен суд Тетово,Ељведин Ферати е во фокусот на јавноста и медиумите, откако за усмртувањето на пешачки премин на 22-годишната Теодора Ристовска на Менсур Пајазити му пресуди само две години затвор.
Пресудата предизвика лавина од негативни реакции во јавноста, а премиерот Христијан Мицкоскипобара Судскиот совет да ја преиспита неговата работа.
На Пајазити му се судеше за делото – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое максималната казна е пет години.
Кој е Ферати
На јавноста судијата и е познат од порано. За него Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје водеше истрага откако Државниот просветен инспекторат констатирал дека тој си ги поправал оценките на Правниот факултет на Тетовскиот универзитет.
Истрагат на ОЈО за овој случај, како што објавија повеќе медиуми, била затворена пред еден месец, бидејќи како што велат од Обвинителството, се појавиле документи од Тетовскиот универзитет според кои тој уште во 2014 година преположил четири испити и така си го покачил просекот за да се запише на Академијата за судии.
Тој се пријавил со оценка 8,20, а во дипломата за завршени правни студии на Тетовскиот универзитет, имал просек 7,88.
За оваа случај отвори и Антикорупциската комисија. Во декември 2023 година од таму посочија дека немало барања и пријави од Ферати за преполагање на испити за така да му порасне просекот.
Во Судот се вработил во 2020 година и судел во граѓанска област, а сега суди кривични предмети.
Правосуден испит положил во 2012 година.






