На социјалната мрежа TikTok се појави нова и прилично необична пракса која предизвикува поделени реакции меѓу корисниците. Многу млади мажи одлучиле да ги скратат или дури да ги избричат трепките за да изгледаат посилно и помажесто, што предизвика бројни коментари и видеа кои станаа вирусни.
Едно од првите видеа, на кое се гледа како маж ги крати своите трепки, стана хит на интернет, со критики како: „Ова е злосторство против човештвото“ или „Трепките имаат своја функција, а мажите очигледно повеќе сакаат да ризикуваат со инфекција на окото отколку да изгледаат женствено.“
TikTok трендот се шири меѓу мажите
Сепак, овој тренд не е единствен случај. На TikTok може да се најдат и други видеа на кои мажи ги кратат или дури и целосно ги отстрануваат трепките во салони, а фризери со профили како @truethebarberartist веќе споделиле свои искуства.
Во виралното видео, кое е прегледано повеќе од 19 милиони пати, еден фризер открива дека сè повеќе мажи се заинтересирани за оваа услуга со цел да постигнат „мажествен изглед“.
Реакции на жените: Зошто го прават тоа?
Додека трендот продолжува да се шири, многу жени на TikTok изразуваат несогласување, па во коментарите може да се прочита: „Што е толку маженствено во бричење на трепките?“, „Момците со долги трепки се привлечни“, како и: „Долгите трепки го прават момчето поатрактивно“. Некои жени сметаат дека ова е очигледен знак на несигурност, додека други се прашуваат дали мажите ја разбираат вистинската функција на трепавиците.
Како и да е, трендот продолжува да се шири, оставајќи бројни коментари и поделени мислења меѓу корисниците на TikTok.
@truththebarberartist_ Another satisfied customer 👀 @truththebarberartist • #truththebarberartist #barbershop #barbering #eyes #men #2025 ♬ The X Files Theme – John Beal







