На апликација „ТикТок“ неколку минути во новата 2021 година се појави видео на кое се појавуваат двајца возрасни мажи и едно мало дете. Го учат детето како се пука со пиштол.
Неофицијалните информации кои се актуелни на социјалните мрежи се дека настанот се случил во Тетовско.
На снимката се гледа како детето со помош на мажите го држи пиштолот и пука двапати во воздух.
Набрзо по објавата видеото било симнато од апликацијата, но прекасно – на социјалните мрежи експресно било раширено.
Од МВР има информации дека до сега нема пријава за случајот.
Луѓево се од Тетово.
Ја би им одзел старателство одма.
ТОЛКУ.??️? pic.twitter.com/Fly9YnA7FY— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) January 2, 2021
Како резултат на тоа, денеска (02.01.2021) во 20.10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Џ.(39) од с.Боговиње, поради основано сомнение дека на социјалната мрежа Тик-Ток објавил видео, на кое малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица. Тој е приведен во Полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, предвидено и казниво по чл.396 од Кривичниот законик.







