Рускиот транспортен брод „Сојуз MS-27“ со руско-американска посада пристигна до Меѓународната вселенска станица (ISS) и успешно се прикачи на модулот на рускиот сегмент на ISS.
Космонаутите на Роскосмос, Сергеј Рижиков, Алексеј Зубрицки и астронаутот на НАСА, Џонатан Ким, летале во рускиот космички брод кој во 08:47 по московско време полета од космодромот Бајконур во Казахстан.
Како што пренесува агенцијата Интерфакс, посадата ќе помине 245 дена во орбитата, а за време на оваа експедиција, според рускиот програм, се планираат два излеза во отворениот вселенски простор и спроведување на повеќе од 40 научни експерименти.
Американскиот астронаут Ким пристигна на Меѓународната вселенска станица согласно претходниот договор помеѓу Русија и САД, наведува руската агенција.







