Шефот на американскиот Оддел за владината ефикасност (DOGE), американскиот бизнисмен Илон Маск, потсети на географската близина меѓу САД и Русија, во видеото што го објави на платформата Икс.
„Не знаат сите Американци дека САД и Русија всушност се многу поблиску една до друга – на само 3,8 километри, а понекогаш се дури и поврзани“, истакнал Маск.
Маск објаснил дека ако се погледне внимателно, можат да се видат два мали острови кои се на далечина од 3,8 километри и кои ја разделуваат територијата на САД и Русија.
Дополнително, понекогаш водата меѓу нив замрзнува и границата може да се помине пешки, додал тој.
Маск зборуваше за границата на Аљаска и островите Големи и Мали Диомед во Беринговиот теснец. Еден остров припаѓа на Русија, а другиот на Америка – Големиот Диомед е во сопственост на Русија, а Малиот Диомед е во сопственост на САД.
Низ Беринговиот теснец, во кој се наоѓаат овие острови, минува меѓународната датумска линија, па рускиот Диомед е 23 часа пред американскиот Диомед поради оваа линија. Затоа, понекогаш ги нарекуваат “Утрешниот остров” и “Вчерашниот остров”. Ова најтесно место на Земјата меѓу два континента се наоѓа во средината на Беринговото море помеѓу Алјаска и Сибир.
Инаку, таткото на Илон Маск, Ерол Маск, претходно изјави дека неговото семејство му се восхитува на рускиот претседател Владимир Путин, кој според неговите зборови стана пример на силен лидер на кој може да се верува.






