Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, продолжува со фантастични натпревари во Серија А. На натпреварот против Верона, тој постигна нов гол за Торино.
Во 67. минута од натпреварот, Елмас изведе еден-два со Влашиќ во казнениот простор, по што македонскиот фудбалер со прецизен удар по земја го погоди голот. Голманот на Верона остана неподвижен, а топката од стативата заврши во мрежата. Ударот на Елмас беше маестрален, а снимката која Торино ја објави на социјалните мрежи само го потврди тоа.
Откако пристигна во Торино, Елмас досега има постигнато четири гола во Серија А, а ова беше неговиот прв гол на домашен терен.
Погледнете го видеото во продолжение:
Primo gol davanti al pubblico granata per Elif Elmas 🏟️ pic.twitter.com/aWBoiHubxv
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) April 7, 2025
![[ВИДЕО] Елиф Елмас постигна маестрален гол: Голманот остана неподвижен](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-07-154321.png)





