Полска ги стави своите борбени авиони на готовс.
Во Полска рано утрово активирани се полски и сојузнички авиони за да се обезбеди безбедноста на полскиот воздушен простор, откако Русија изврши воздушни напади на западот на Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
Командата соопшти преку платформата Икс дека преземените мерки имаат за цел да се осигура безбедноста во регионите кои граничат со Украина.
На целата територија на Украина рано утрово било на сила предупредување за руски воздушни напади.






