Македонците од Маниса, Турција, покажаа неверојатен ентузијазам и љубов кон својата култура со извонредно гостување на едно незаборавно дружење. Под звуците на традиционалните македонски песни, тие не само што пееја, туку и играа и се веселат, создавајќи несекојдневна атмосфера на радост и единство.
Гостувањето беше прекрасно и за секој присутен, а особено се истакна познатиот пеач Влатко Миладиноски, кој со својот магичен настап ја разгали публиката и ги потсети на убавините на македонската музика и култура.
Поздрав од Азискиот континент, каде Македонците од Маниса продолжуваат да го одржуваат духот на својата татковина и да ја негуваат македонската традиција и музика.






