На 03.04.2025 во 15.20 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на булевар ,,Видоје Смилевски Бато“ во Тетово ги лишиле од слобода С.М.(42) и М.Р.(36), двајцата од Камењане, кои агресивно се однесувале кон нив, се заканувале и ги спречувале во извршување на службени дејствија. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







