На 03.04.2025 во 17 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Р.(70), сопственик на угостителски објект од Гостивар. Во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување-Скопје, била извршена контрола на противпожарните апарати во угостителски објект во Гостивар, при што било утврдено дека картонот за сервисирање не е оригинал. Б.Р. е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






