Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Доктори ги откриле најстрашните работи кои пациентите им ги кажале пред смртта: “Се уште ме прогонуваат некои реченици”

by
2025-04-04
in Uncategorized
Доктори ги откриле најстрашните работи кои пациентите им ги кажале пред смртта: “Се уште ме прогонуваат некои реченици”

Многу медицински сестри од болниците сведочат дека пациентите пред крајот на животот често гледаат починати членови на семејството или ангели.

Лекарите ги откриле најпотресните зборови што пациентите ги изговориле во последните моменти – вклучувајќи и молба која ги крши срцата: “Не дозволувајте да умрам”. Многу тешко болни пациенти на смртната постела тврдат дека гледаат ангели, додека последните зборови на младите жртви на насилство често се многу емотивни и невини, пишува Daily Mail.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Еден пациент, во своите последни моменти, повикувал мистериозна личност по име Расел. Години подоцна се открило дека тоа било неговото домашно милениче од детството.

Оваа збирка потресни анегдоти беше објавена на Reddit на тема со наслов “Лекари, што е најстрашното што пациент некогаш направил или кажал?” – до сега собра илјадници коментари.

Една медицинска сестра споделила искуство со пациентка болна од тешка белодробна болест. Неколку моменти пред да ја приклучат на респиратор, жената ја погледала докторката право во очи и изговорила: “Не дозволувај да умрам”. Докторката која го сведочела тој момент напишала: “Имаше најтажен поглед во очите. Почина таа ноќ на операционата маса. Сè уште го гледам тоа во моите мисли”.

Друг лекар опишал случај на 16-годишно дете кое било рането со смртоносна прострелна рана која ја оштетила аортата – најважната артерија во телото. Неколку моменти пред смртта, го погледал докторот и рекол: “Ме боли стомакот”. “Не преживеа,” напишал лекарот. “Тие невини последни зборови на детето… не беше свесно што се случува. Никогаш нема да го заборавам тоа”.

Еден лекар опишал случај на пациент кој го погледал смирено и рекол: “Знам дека ми помагате, но денес ќе умрам. Јас сум помирен со тоа и ви не можете да го промените”.

Друг медицински работник споделил искуство со пациент кој изговорил страшни зборови: “Ја гледам смртта како стои зад вас”. Два дена подоцна, пациентот починал.

Многу медицински сестри од болниците сведочат дека пациентите пред крајот на животот често гледаат починати членови на семејството или ангели. “Никогаш не изгледаат исплашено – повеќе изгледаат како да се утешени,” напишала една медицинска сестра. “Често ги поттикнувам да се фокусираат на тие сцени ако им носат мир. Обично, брзо по тоа, починуваат.”

Една приказна особено се истакнува – човек кој умирал од рак на панкреасот бил опкружен со семејството кога престанал да дише. “Мислевме дека почина,” напишал член на семејството, “Но по десет минути, со силен и јасен глас рече: ‘Расел, чекај ме’ – и потоа замина”.

Години подоцна, неговите деца нашле стара фотографија од 1944 година на која тој како дете си игра во песок со кучето. На задната страна на сликата пишувало: “Расел, 1944”. “Утешно е да се мисли дека нашите миленици не чекаат од другата страна,” додаваат тие.

Медицинската сестра, Џули МекФаден, со долгогодишно искуство во нега на умирачи, открила како луѓето во последните моменти често повикуваат родители кои одамна починале, бивши љубовници или едноставно велат: “Те сакам”. “Многумина мислат дека последните зборови се како сцени од филмови – драматична исповед или признание,” рекла таа. “Но, вистината е дека тие често се едноставни. Луѓето велат ‘Те сакам’, ‘Спремен сум’ или ‘Во ред е’. Тоа се зборови на помирување.”

Умирањето останува мистерија, но сведоштвата на лекарите и медицинските сестри покажуваат дека за многумина тоа е момент на смиреност, љубов и – во некои случаи – повторно сретнување со саканите.

Previous Post

Сообраќаен колапс на „Водњанска“, се судрија автобус и автомобил

Next Post

Го удрил пешакот и побегнал како кукавица – полицијата трага по возачот

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
brza pomos

Го удрил пешакот и побегнал како кукавица – полицијата трага по возачот

Recommended

Анкета: Поддршката за Трамп порасна по средбата со Путин

4 months ago
Престрелка кај Бит пазар – Се степале за рамазански леб

Престрелка кај Бит пазар – Се степале за рамазански леб

3 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.