Во денешното интервју за Сител Tелевизија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објасни какви ќе бидат мерките за новогодишната ноќ, што ќе биде дозволено а што забрането.
За новогодишната ноќ не треба да се групираат повеќе од 4 луѓе. Забрана за движење нема да има. Семејствата ќе можат да си изнајмат и вили низ туристичките места се додека не се повеќе од 4.
„Граѓаните треба да знаат дека забрана за движење нема да има, можат слободно да се движат. Во рамките на едно семејство може да си прават било каква прослава, дали ќе биде тоа во сопствениот дом, а можат дури и да си изнајмат вила или стан во туристичките центри. Не смеат да се групираат и да прават забави со повеќе од 4 лица“, вели Спасовски.
Ако се случи да бидат издавани викендици или станови во кои што ќе има на пример 20 луѓе како група, во тие случаи полицијата ќе реагира.
Министерот Спасовски им порача на граѓаните да празнуваат одговорно, во кругот на семејствата за да нема сериозни последици по здравјето во следните месеци.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






