Од „Алкалоид“ додаваат дека грижата за вработените, заедницата, за потрошувачите, акционерите и за сите иматели на удели во компанијата се цврсто втемелени во корпоративната политика на „Алкалоид“ АД Скопје, а таквите заложби ќе продолжат и во иднина
Во контекст на отежнатите услови за работа предизвикани од светската здравствена криза, а по повод новогодишните и божиќни празници, „Алкалоид“ одлучи да исплати еднократен линеарен паричен надомест за вработените во нето-износ од 25.000 денари.
Компанијата, и покрај неизвесноста која владееше во првиот квартал од 2020 година, во март на своите вработени веќе им исплати регрес за годишен одмор во нето-износ од 26.718 денари.
Во декември годинава во „Алкалоид“ АД имало 2.371 вработен, од кои 1.832 од земјава и 539 во подружниците во странство. Во текот на 2020 година во компанијата се реализираа 209 нови вработувања.
Од „Алкалоид“ додаваат дека грижата за вработените, заедницата, за потрошувачите, акционерите и за сите иматели на удели во компанијата се цврсто втемелени во корпоративната политика на „Алкалоид“ АД Скопје, а таквите заложби ќе продолжат и во иднина.
„Годината која следува е исполнета со голем број неизвесности, но ние ќе останеме посветени на исполнување на очекувањата на пазарот и на испорачување врвен квалитет на нашите производи и услуги. Посакуваме во годината на 85. јубилеј на „Алкалоид“ АД да се радуваме заеднички на нови успеси, повисоки достигнувања и на ЗДРАВЈЕ пред сѐ, велат од Алкалоид.
Целиот текст прочитајте го на faktor.mk
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







