Не само во Македонија, ова е преседан и во светски рамки, бидејќи не постои случај – со закон да се решава судски спор.
Судски спор се решава со пресуда, со судска, или вонсудска спогодба. Спротивно на членот 98 од Уставот, односно на Амандманот XXV, кој вели дека:
“судската власт ја вршат СУДОВИТЕ” и се додава – „забранети се вонредни судови“!
Ова е случај на вонредно судство!
Ова е случај на пресудување, на преки суд, за спорови кои се водат 15 години.
Се правиме попаметни од судиите кои воделе спорови помеѓу Република Македонија и “Макпетрол” 15 години и не успеале да ги решат.
Државата во овој случај постапува од позиција на fiscus, односно на приватно право.
Не можеме ние со закон да решаваме СУДСКИ СПОР, затоа што Владата и според постоечките закони има право да потпише спогодба.
Нека повели премиерот, нека ја потпише Спогодбата, меѓутоа знае дека е тежок криминал, знае дека ќе оди во затвор после потпишувањето и после падот на власта и затоа потпикнува со закон да му решаваме судски спорови!
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






