Вчера на социјалните мрежи беше објавена фотографија направена во центарот на Охрид, на која се гледа девојче кое собира пари за лекување на очите.
„Потребна ми е помош поради контролно очно лечење и преглед во Промедика во Скопје. За ова испитување потребни се 2.500 денари за да можам да ги земам документите со резултати од докторот“, пишува на пораката.
„Граѓани во Охрид денес ќе се обидат да го најдат девојчето доколку е повторно во центарот на градот, ќе побараат контакт од родители/старатели, по можност и сметка за донација, контакт телефон и слично. Штом ги има тие информации, ќе бидат споделени“, стои во опис на фотографијата.
Денеска очната клиника „Промедика Офталмологија“ и Др. Наум Трпеноски испраќаат АПЕЛ до сите граѓани коишто имаат било каков контакт од момчето на фотографијата, да ги контактираат на телефонскиот број:02/3122120071301301.
Целиот потребен трошок ќе биде покриен од страна на клиниката, така што никакви средства не се потребни, стои во нивната објава на Фејбук.







