Вивијан Џена Вилсон, трансродовата ќерка на Илон Маск, со шега одговори на последната изјава на својот татко, кој на социјалните мрежи изјави дека неговиот син, кој порано се викал Хавиер, е „убиен“ од „воук вирусот“.
Терминот „воук вирус“ се користи за да се опишат екстремно прогресивните ставови, кои ги поддржуваат демократите, а Маск верува дека Вивијан била „подложена“ на овие ставови. Тој на „Икс“ напиша: „Мојот син Хавиер умре. Го уби вирусот „воук“. Сега вирусот „воук“ ќе умре“.
Вивијан сподели скриншот од твитот на татко ѝ на ТикТок и сними видео во кое на шега вели: „Изгледам поприлично добро за мртва ку*ка“. Во описот на видеото напиша: „А ти не“. Видеото стана вирално и досега има скоро осум милиони прегледи и повеќе од милион лајкови.
Во неодамнешното интервју за тинејџерскиот „Вог“, Вивијан зборуваше за несогласувањата со својот татко. Таа изјави: „Тој е патетичен детски човек. Зошто би се плашела од него? Не ми е гајле што е моќен и богат.“
Погледнете го видеото:
@vivllainous And you don’t. #fyp #trans ♬ original sound – RuPaulEdits1







