На светскиот пица шампионат што се одржа во Рим, Италија , нашиот Кавадарчанец Глигор Каров како дел од Македонската пица репрезентација освои две бронзени мeдали што претставува најголем успех досега за Македонија.
Глигор се натпреваруваше во две категории: римска пица и пица Наполетана Стг која се смета за најтешка категорија.
Ова е голем успех за Глигор и за Македонија бидејќи во главниот град на Италија успеа да влезе меѓу најдобрите 3 пица мајстори во светот каде што имаше преку 200 натпреварувачи од целиот свет .
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







