Министерот Оливер Спасовски во Студио 10 на телевизија 24 апелираше за совесно прославување на претстојните празници, да нема големи групирања кои би го загрозиле јавното здравје.
„Се согласувам дека не постои забрана да издадете викендица, но на едно семејство, на четири, пет, шест лица, тоа не е проблем, но проблем е дека издаваат за 20, 30, па и 40 луѓе. И сега драстично е намален бројот на огласите откако започнавме со апели и проверки. Ние имаме посебен оперативен план за ноќта на 31 декември, како и за утредента на први јануари. Затоа апелирам ако некој директно го загрозува здравјето на граѓаните ќе мора да си сноси одговорност.“ изјави министерот Оливер Спасовски.
Спасовски нагласи дека полициското присуство секогаш било засилено околу Нова Година и другите празници во текот на јануари затоа што е важно да се одржи јавниот ред и мир.
„Што се однесува до верските празници кои следуваат, ние ќе се обидеме да разговараме со верските заедници, со Комисијата за односи меѓу верските заедници, но и да одржиме состанок во Влада ако има потреба. На крајот мораме да донесеме решение кое нема да го загрози здравјето на луѓето.“- кажа Спасовски.







